Rizvanovic corner
Wednesday, August 5, 2015
Tuesday, August 4, 2015
Saturday, April 26, 2014
Финална вежба - 24 Вести, три години раст и доверба
Три години доверба, три години раст на гледаноста и зближување до луѓето. Приказната за 24 Вести, почнува на 15 Декември, кога започнува визијата на сопствениците да направат медиум кој ќе донесе важна разлика на македонската медиумска сцена.
Соочени со конфузни, партизирани и често неточни информации, создавачите на новиот медиум сонуваат за реални, навремени и точни вести. Велат, постојат два начина да се стигне до целта, брзо, често и ризично, и полека, но стабилно.
24 Вести го избра вториот начин, низ години, со вложување во технички и човечки потенцијал, телевизијата напредува низ сегментите на медиумската сцена.
Согледувајќи го како еден од најголемите проблеми на современиот плурализам, 24 Вести го враќа принципот на дебати во јавниот простор. Па така пред се преку Анализата на 24 Вести се отвора политичката дебатна арена низ која дефилираат сите, и власта и опозицијата, политичари, експерти, интелектуалци, бизнисмени, уметници.
Младата телевизија поставува репери и стандарди за политичко соочување, водено од принципите на неутралност и отвореност на вратите за сите во македонското општество. Како приоритет во своето дејствување, јасно насетен и од самото име, централните информативни изданија, вестите и дневниците стануваат модел за избалансираност и неутралност.
Потврдата освен од граѓаните, доаѓа и од независните анкети. Со наградата на Здружението на новинарите на Македонија за најобјективно известување за настаните од 24 Декември за 24 Вести, потврда за напорите на телевизијата доаѓаат и од колегите, а испитувањата на јавното мислење на Советот за радиодифузија покажуваат дека 24 Вести е на врвот на довербата на граѓаните во цела Македонија.
Велат, гледаноста и довербата се главна награда за телевизијата, но не може да не се споменат и бројните награди и признанија од невладиниот сектор, од кои признанијата за придонес за известувањето за разните ранливи групи значат многу.
Сепак три години од постоењето, 24 Вести со подршка од граѓаните се бори со многу предизвици. Обидите да стане достапна во сите домови, се отежнуваат од кабловскиот оператор Близу и телевизискиот оператор Бум ТВ, кои иако целосно бесплатна, без причина и објаснување трета година одбиваат да ја пренесуваат програмата на 24 Вести на граѓаните.
Сепак со помош на техничките знаења на странскиот европски капитал, представен преку сопственоста на Австриска компанија, 24 Вести не застанува. Се труди да допре до секој човек, како лепеза на новитети покрај стандардните, За животот, Тренд, Работна сабота, Вин Вин со Оливера Трајковска, Патот до успехот се воведуваат новите, Од се срце, Културна матрица, Трета порта, Трето полувреме и контактната Очи в очи.
И така, со зголемена гледаност и доверба, 24 Вести ја продолжува својата приказна, водени од единствени цели на објективност, точност, навременост и неутралност во пренесувањето на информациите до граѓаните.
Наградите и признанијата кои стојат во редакцијата секојдневно пред очите на вработените, се потсетник дека пред 24 Вести стојат уште многу предизвици за да се оправда довербата на гледачите кои пред се најголемата причина за постоењето на телевизијата 24 Вести.
SEAD TRI GODINI RAST I DOVERBA by 24vesti
Фото приказна - Тара, од бебе до девојче
Баба ми даваше да пијам млеко од шишенце, а ја барав и баба ми.
Кога открив дека можам сама да јадам, никој не смееше да ми го земе смокито.
А дубакот ми стана најдобар пријател за да дојдам до масата и да фрлам се од неа.
Е кога наполнив една година, дојдоа и нови работи.
Лап - топ и Телетабиси по цел ден, Мама ми го криеше, не знам зошто.
Subscribe to:
Posts (Atom)







